Претседателот на Финска, Саули Нинисто изјави дека Хелсинки формално поднесува барање за членство во НАТО.
Тој додаде дека тоа ќе ја максимизира безбедноста на земјата.
Додека финската премиерка Сана Марин истакна дека се надева оти Парламентот ќе ја одобри одлуката.
Одлуката на Парламентот во овој случај повеќе ќе биде формалност.
Рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со финскиот колега Саули Нинисто, истакна дека би било грешка ако Хелсинки се откаже од неутралниот статус и се придружи на НАТО, соопшти Кремљ.
Финска не се соочува со безбедносни закани и потенцијалната промена во нејзината надворешнополитичка позиција може негативно да влијае на билатералните односи помеѓу двете земји, истакна Путин.
Тој го информирал Нинисто дека преговорите со Киев практично се стопирани и оти украинската страна не е заинтересирана за сериозен и конструктивен дијалог.
Телефонскиот разговор беше реализиран на барање на Нинисто.
Русија нема право да решава дали Шведска и Финска ќе влезат во НАТО, кажа портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
Тој кажа дека претседателот Владимр Путин предупредил дека приклучување на Финска во алијансата би било грешка, но смета дека Русија нема право да реагира.












