Фитнес зона на Тумбе Кафе

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Општина Битола ја доби првата Balans+ Зона сочинета од повеќе фитнес-справи, која е подарок од компанијата Бимилк во знак на подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење.

-Навистина ни е драго што од Бимилк вистински ја препознаваат важноста за создавање здрави навики, истовремено согледувајќи ги и реалните потреби на нашите сограѓани, особено земајќи предвид дека на Тумбе Кафе како локација навистина ѝ беше потребно освежување. Со овој несебичен гест тие обезбедуваат нова спортско-рекреативна зона за градот Битола, но придонесуваати за квалитетот на живеење на целата наша заедница и не е прв пат компанијата да излезе во пресрет на нашиот град и битолчани, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.

Рекреативната зона се наоѓа на Тумбе Кафе, веднаш над Зоолошката градина во Битола.

Share.