ФК Пелистер се враќа во целосна сопственост на Општина Битола

Битолски Пелистер со натежнати бројни проблеми се враќа во комплетна сопственост на Општина Битола.

Градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈП Водовод Пеце Милевски, присуствуваа на денешниот тренинг на фудбалерите на стартот на подготовките, по што заедно со стручниот штаб на клубот, разговараа за проблемите со кои се соочува ФК Пелистер.

Градоначалникот Коњановски, на средбата информираше дека локалната самоуправа во соработка со новата управа на клубот ќе даде комплетна поддршка на функционирањето на ФК Пелистер со цел негова стабилизација и санирање на заостанатите обврски, а во насока на постигнување на високи резултати на клубот во пролетната сезона.

Во меѓувреме Горан Ганчев прозиваше и скоро истиот ростер кој го одигра есенскиот дел на ПМФЛ започна со тренинзи во снежниот амбиент на стадионот во реновирање во Битола. Единствено заминување е она на Размоски во Воска спорт.

Сподели