ТЕРА

REKLAMA???

ФЛАМЕНКО МУЗИКА ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Љубов, фламенко, страст, ама и убава музика и долги аплаузи! Така помина и овој традиционален концерт за Денот на вљубените со прекрасните уметници – пејачката Марина Ередија, диригентот Кристијан Васкез и оркестарот на Македонската филхармонија, кои приредија уникатен настан кој донесе комплексност, нова програма, танцувачки ритми и елегични мелодии.

Концертот беше насловен „Љубов, страст- фламенко!“, а на програмата беа дела од Лорка, де Фаља и Гинастера.

Фламенко е повеќе од композиција, изведба, звук, ритам. Фламенко е поезија, чиста енергија, молитва, бунт, живот и историја. Оваа година, традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените филхармонијата се олдучи да го посвети на исклучителната шпанска форма на танц, песна, инструментална изведба.

Оваа форма на песна/пеење е динамичка, застрашувачка, екстатична, но во исто време и спонтана и медитативна. Во музиката има драматични промени на расположенија, динамика и темпо што бараат внимание и емпатија. Станува збор за т.н. „длабока песна“, како што ја нарекол познатиот шпански поет и композитор Федерико Гарсија Лорка.