На само два денa до дочекот на новата година, како дел од Зимската приказна настапија Фолтин.

Публиката ја загреаа со добро познатите нивни песни, а битолчани не го изоставија моментот и да заиграат. За Зимската приказна ни изјавија дека ова е нешто што му беше потребно на Битола.

Фронтменот на „Фолтин“,оваа година го објави првиот албум под своето алтер-его Пијан Славеј.Во издание на Скопскиот џез фестивал, миниалбумот насловен „Пијан Славеј“ содржи пет авторски композиции во времетраење од 18 минути.












