Во 42 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 5, 10, 16, 25, 26, 30 и 36. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките.
Добивка со седум погодоци немаше, а имаше пет шестки, секоја од нив вредна по 250.801,20 денари.
Фондот за седумка за следното коло изнесува 92.612.000 денари.
Извлечен беше џокер бројот: 6, 9, 1, 9, 1, 8. На џокерот добивки со шест и пет погодоци немаше.
Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на џокерот во следното коло е 3.193.000 денари.












