Во сабота (19.11) на програмата се „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба, Македонија. „Многу ми е драго што после извесно време, заедно со мојата матична група ФОНТАНА имаме можност со голем концерт да се претставиме во нашиот град, пред нашата најдобра битолска публика. Голема чест за нас претставува тоа што овој концерт ќе биде во рамките на големиот Фестивал на музика од светот“, истакна Благојче Трајковски.
Тие оваа година го промовираа новото издание со музички спот на песната Ако одам во Битола, а заедно со трубачот Џамбо Агушев направија урбана обработка на „Касапско оро“.












