Групата Фонтана заедно со Џамбо Агушев направи обработка на „Касапско оро“, една од најпознатите инструментални теми во целокупната Балканска музичка традиција.
За потребите на документарниот филм посветен токму на „Касапско оро“, кој треба да се промовира наскоро е направена токму оваа обработка со еден современ урбан призвук, а солистичкиот дел изведен од Благојче Трајковски и Џамбо Агушев го содржи целокупниот колорит кој го има Балканската музичка традиција.

„ Легендарните снимки од ова оро „Касапско“ кои ги оставија Тале Огненовски и Благоја Дескоски, се еден столб во македонската традиционална музика и заслужуваат бескрајна почит. Тие изведби за мене лично претставуваат огромна инспирација. Па оттука и ми се роди желбата да дадам и јас свој придонес во оживувањето и развојот на оваа исклучителна музичка тема“, истакна Трајковски.












