Форумот на жени на битолската СДСМ за Светскиот ден на аутизмот

ОО СДСМ Битола преку Форумот на жени денес го одбележува Светскиот ден за подигање на свесноста за аутизмот со поддршка на активности кои ги организираат и реализираат здруженијата на граѓани од нашиот град РИЛУКА и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА. Членки на Форумот на жени при СДСМ Битола го посетија штандот со ракотворби и школски прибор на Плоштадот Магнолија и се вклучија со скромна донација, а потоа заедно со граѓански активисти испишaa пораки на сини балони, бојата на денот и на кампањата за подигање на свесноста за аутизмот.

“Денес прочитав еден тескт од мастер логопедот Слаѓана Трајкова посветен на аутизмот, во кој меѓудругото пишуваше :  Нема поболно нешто од дете кое не зборува и кое нема потреба да ги бара и да се радува на најблиските, да заплаче по сопствената мајка ако таа излезе. Без емоции и без говор детето е внесено во сопствениот, имагинарен свет, повлечено е во себе, и за околината делува чудно.

Сведоци сме дека последниве години, аутизмот како состојба се повеќе се препознава како сериозен здравствен проблем, зема замав кај новородените деца и се прават големи напори да биде разјаснет и јасно дефинира. Рапидно расте бројот на деца со аутизам и кај нас.

И покрај сите современи терапии кои во определени случаи многу помагаат на децата аутисти и нивните семејства, останува фактот дека терапијата нема за цел да го излечи аутизмот, туку да се научи како треба да се прифати аутизмот и како полесно да се живее со него и да се толерира.

Вербата и љубовта, солидарноста и еднодушноста, мора да ни дадат сила да се надеваме дека со време ќе проработи кај нас и свеста за прифаќање на аутистичните деца. Во никој случај не треба да дозволиме овие дечиња да бидат дискриминирани, туку напротив, како инклузивно општество имаме обврска да гаиме позитивно опкружување за нивно целосно прифаќање”, рече Претеседателката на Форумот на жени на СДСМ Битола, Татјана Крнчева.

 

Сподели