ФОТОГАЛЕРИЈА: ЗА НЕД ДО со 14 медали за Македонија од Светскиот куп во боречки вештини во Грција

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонскиот тим, кој оваа година скромно броеше 9 натпреварувачи зеде учество на Светскиот шампионат во боречки вештини кој се одржа во Сер – Република Грција [12 – 13 мај 2018].

Шампионатот беше во организација на Светската федерација за боречки вештини а реализација на домаќинот – Грчката федерација за боречки вештини под покровителство на градоначалникот на Сер.

На настанот со свои национални тимови учество имаа 16 држави со над 1.000 натпреварувачи а Македонскиот тим кој се натпреваруваше во три категори: кик бокс – самоодбрана и музички форми со традиционално оружје освои 14 медали и тоа 9 златни – 4 сребрени и 1 бронзена.

“Оваа година не бевме во можност на Светскиот шампионат да партиципираме со целиот тим кој беше подготвен и тоа единствено поради финансиската исцрпеност на родителите и натпреварувачите кои веќе беа дел од тимот кој учествуваше на првиот Балкански куп кој се одржа во Брчко – Федерација Босна и Херцеговина каде бевме прогласени и за најнаградувана држава од регионот Балкан. Така што се решивме да настапиме со помлад тим кој во основа е само 1/3 од нашиот капацитет за овој настан“  изјави Златко Неделковски шеф на Македонската делегација.

“Задоволна сум од покажаниот професионализам на нашите натпреварувачи. Треба да се истакни дека тоа сепак се млади спортисти од 8 до 16 години и дека за дел од нив ова беше прво појавување на толку голем настан, но ние практикуваме квалитетот веднаш да го извадиме на партер или во ринг затоа што 35 годишното искуство ни говори дека само така натпреварувачот ќе може да ги согледа сопствените можности а тренерот ќе го види на дело она за кое работеле макотрпно“ вели Дијана Неделковска главен тренер на Македонскиот тим.

Share.