ФОТОГАЛЕРИЈА: Кркрдаш вечерва

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Годинава четврток кон петок, односно 21 кон 22 март се празнува „Св. четириесет Битолски и Севастополски Преподобни Маченици во истоимениот манастир на битолскиот Баир или како што битолчани го нарекуваат Кркардаш.

И вечерва вриеше од верници во и околу манастирот. Отслужување на Светата архиерејска божествена литургија, а празнувањето потоа продолжува во храмовиот двор каде што се поствени тезги со разни производи.

Населението пак од тој дел на градот секоја година пречекува и испраќа гости.

Црквичката е изградена точно до големиот бел камен каде кој биле убиени 40-те маченици. Kаменот и денес е неделив дел од црквата. Прилепен е однадвор на еден од ѕидовите, па тука верниците палат свеќи. Од другата страна на ѕидот, внатре во црквата, направено е посебно место со икони и кандила, а тече и лековита вода.

 

Share.