ФОТОГАЛЕРИЈА: Примопредавање на функцијата градоначалник на Битола

Претпладнево во зградата на општина Битола, примопредавање на функцијата градоначалник на Општина Битола. Во градоначалничкиот кабинет, новиот градоначалник на Битола Тони Коњановски беше примен од градоначалничката во заминување Наташа Петровска.

Петровска му ја предаде функцијата градоначалник на Коњановски, на кој ова му е првиот работен ден како нов градоначалник на Битола.

Новиот градоначалник вчера го доби уверението за избран градоначалник од страна на Општинската изборна комисија.

Сподели