Франција ги кочи преговорите за ЕУ со нови услови

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Отворањето на пристапните преговори меѓу Европската Унија и  Северна Македонија и Албанија најверојатно ќе се одложи, најрано до следното лето, дознава РСЕ од дипломатски извори.

Ова,како што јавува  доиписник на Радиот Слободна Евртопа од Брисел Ѓераќина Тухина, е последица од цврстиот став на Франција која не попушта во барањето да се смени методологијата во процесот на проширување пред да отпочнат преговорите со Тирана и Скопје.

Инаку, земјата претседавач со ЕУ, Финска повторно го измени нацрт заклучокот во петокот и го прилагоди според потребите на Франција. Во документот во кој имаше увид РСЕ стои дека првата меѓувладина конференција би се одржала „најдоцна во првата половина од 2020 година.“

За потсетување, меѓувладината конференција го одбележува отворањето на поглавјата во пристапните преговори.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која, како што објави германската државна агенција ДПА, дипломатите ја сметаат за последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија.

Share.