Франција е првиот финалист

0
154

Франција со гол на Самуел Умтити ја победи Белгија со 1-0 и се пласираше во финалето на Светското првенство во Русија.

Франција беше еден од главните фаворити на Мундијалот во Русија и ја оправдува таквата улога, Фрнцузите ќе играат во главниот натпревар на Светското првенство откако вечерва беа подобри од Белгија.

Франција во финалето го чека подобриот од утрешниот натпревар меѓу Англија и Хрватска. Белгија ќе се бори за третото место со поразениот од тој дуел.