Францускиот пејач Шарл Батист настапи во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По повод месецот на франкофонијата, француската Aлијанса од Битола во соработка со францускиот институт од Скопје, го организираа концертот на младиот француски поп пејач Шарл-Батист во Порта џез.
Тој настапи во Македонија во рамките на неговата регионална турнеја, веднаш по Тирана и Приштина.
Шарл Батист за првпат бил забележан за време на еден регионален фестивал, .
настапувал како предконцертен изведувач на големите концерти на Ла Гранд Софи, Оливија Руиз и Жак Ижлен, а потоа потпишува и договор со компанијата Mercury (Universal). Го издава и првиот албум „Први исповеди“, на почетокот на 2012 година, во кој се истакна со нумерата „Исто сум кул колку и ти“.
Веќе во 2013 година се прошируваат  границите на неговата популарност со адаптацијата на хитот на Дафт Панк, „Get Lucky“, во „Биди среќен“, како и со промоцијата на римејкот на „Исто сум кул колку и ти“, овојпат пропратен со интересен видео-клип, потоа работи на албумот „Неискажани чувства“.
Македонија членува во меѓународната организација на франкофонијата од 2006 та година и денес во Македонија има повеке од 50000 активни говорители на францускиот јазик во најразлични општествени сектори.

Меѓународната организација на франкофонијата е основана во 1970 со цел да се промовира францускиот јазик, културата и јазичната различност , промоција на мирот, демократијата и човековите права, поддршка на образованието, како и развивање на соработката во служба на одржливиот развој и на солидарноста.
Францускиот јазик го зборуваат 274 милиони луѓе на сите континенти и е на 6 то место на листата на најкористени јазици.

2018 година  е во знакот на одбележување на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Франција и Македонија.
Во рамките на одбележување на денот на франкофонијата 20 ти март, се организирани и бројни активности, средби,  концерти и дебати со уметници и интелектуалци од Франција и од Македонија, а сите тие во себе, како заедничка нишка,  ја носат иновативноста, кретивноста, меѓукултурниот дијалог и уметноста.

 

Share.