Фудбалерите на „Пелистер“ завршија во велешката болница

0
3120

Фудбалерите на „Пелистер“ кои утрово тргнаа за Скопје каде требаше да го одиграат натпреварот против Шкупи завршија во велешката општа болница.

По ручекот кој го имале во еден хотел во Велес, почнале да се жалат на тегобии и стомачни проблеми, по што околу четиринаесет фудбалери биле хоспитализирани во инфективното одделение во Велес.

Тие споделија и фотографија на социјалната мрежа „Фејзбук“ како примаат инфузии.

Натпреварот Шкупи – Пелистер е одложен.

sportm.mk