Фудбалската Репрезентација на Македонија со видео кое ќе ве разнежни

Македонските репрезентативци пристигнаа во Букурешт каде што во периодот од 13. јуни до 17. јуни ќе ги одиграат првите два меча од Европското првенство 2020. Воведниот натпревар го играме против селекција на Австрија на 13 јуни со почеток од 18 часот, а вториот меч против Украина е закажан за 17. јуни со почеток во 15 часот.

Нашите репрезентативци имаа срдечен пречек од домаќините кои како и многупати претходно, и сега нагласија дека на Европското првенство ќе навиваат за Македонија.

Синоќа веднаш по пристигнувањето во Букурешт тие го имаа и првиот тренинг.

А денеска на официјалната фејсбук страна на Фудбалската Репрезентација на Македонија беше пбјавено видео на кое нашите репрезентативци Стефан Ристовски, Езган Алиоски и Елиф Елмас предизвикаа неизмерна радот за Димитриј, Катја и Дамјан.
Насловот на видеото беше “Детската насмевка е најголемото богатство”. Видето моќе да го погледнете на официјалната фејсбук страна на ФФМ. https://www.facebook.com/watch/?v=1126472414529747

Сподели