Фудбалските и ракометните ветерани во чест на Мате Шундовски

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ветераните на Пелистер и Победа одиграа прекрасна ревија во чест на легендарниот навивач Мате Шундовски.

На стадионот „Тумбе кафе“ дуелот на пелагониските комшии заврши 2-2, а прекрасни голови постигнаа Илчо Боров и Тони Мицевски.

Трифун Костовски и е неговата иницијатива ги зближи некогашните репрезентативци и ривали од прволигашките терени Стојковски, Наумоски, Ставревски, Здравески, Ќумбев и уште многу, многу други.

Овој хепенинг со прекрасна цел е и основа за добро дружење и иницијатива за нови натпревари на ветераните. Повеќе од 1.000 љубители на ракометот  го посетија вториот дел од манифестацијата во чест на легендарниот навивач Мате Шундовски.

Битолчани се вратија во минатото, аплаудираа и се забавуваа во играта на Поповски, Димитровски, Манасков, Ѓорѓиевски и уште многу, многу други.

Комбинираниот тим на Пелистер и школата на Кирил Лазаров (КЛ7) ја совладаа македонската репрезентација, предводена од Пепи Манасков со 24-22.

Сеќавањата и насмевките ги задоволија битолчани во навраќањето во најубавите денови на битолскиот ракомет.

Share.