Фудбалскo игралиште во Хрватска Си-Ен-Ен го вброи меѓу најубавите во светот

Не е новина дека Хрватска е прекрасна земја чии убавини привлекуваат милиони туристи од целиот свет.

Но, на островот Угљан се наоѓа и прекрасно игралиште кое дури и од страна на Си-Ен-Ен е прогласено за едно од најубавите во светот.

Се работи за новото игралиште на локалниот спортски клуб Свети Миховил, чии членови во последните неколку години работеа на уредување на игралиштето лоцирано на одлична локација на брегот, на само неколку метри од морето.

Не толку одамна, овој терен беше во многу лоша состојба – дури на него растеле и компири – а сега изгледа одлично во ново руво. Глетка од која навистина застанува здивот.

Сподели