Функционери на ДУИ на суд за предметот „Титаник 3“ на СЈО

0
627

Првите функционери на ДУИ обвинети во случајот „Титаник 3“ на специјалното јавно обвинителство, Ејуп Алими и Исмет Гури, денеска седнуваат на обвинителна клупа. Специјалното јавно обвинителство ги обвини дека уништиле изборен материјал.  Ова е прв предмет на тимот на Јанева во кој им се суди на функционери на ДУИ. СЈО за нив бараше и притвор, па тие се жалеа до Апелациониот суд, но наместо таа мерка, судот им ги одзеде пасошите, објави агенцијата Макфакс.