Хаваи под тревога

0
1024

Хавајскиот голем остров е под состојба на тревога откако вулканот Килауеа исфрли лава во населените области и низа потреси ја погодија областа, поради што биле евакуирани стотици луѓе.

Земјотресот се случил во 12:32 по локално време. Лавата оштетила поголем број куќи, а бројот на вжештени пукнатини создадени од вулканските активности порасна на осум, јавуваат локалните медиуми. Ерупциите продолжуваат по потресот од 6,9 степени кој во петокот го погоди југоисточниот дел од островот.

Американскиот геолошки институт (УСГС) јави дека неколку пукнатини се јавиле во округот Пуна, околу 19 километри оддалечен од островот.

Иако сѐ уште нема значителни истекувања на лава, се очекуваат дополнителни избивања со температури до 1.150 степени Целзиусови.

линк