Хан: Македонија ја заслужи безусловната препорака

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата“, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев. Според Хан, земјата сега е цврсто назад на европскиот пат. Тој на заедничката прес-конференција со Заев порача дека реформите не треба да застанат тука, туку да продолжат, особено во судството. „Уште поенергично ќе работиме во јуни да добиеме датум за преговори. Продолжуваме со суштинските реформи, и по Планот 3-6-9 ќе утврдиме нов план на реформи“, рече Заев.

Share.