Хан: Погрешно е пренесена изјавата дека спорот за името може да се реши за две недели

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Изјавата дека спорот за името може да се реши за две недели беше погрешно разбрана, рече еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

-Тоа беше грешка, има и снимка. Јас реков дека имам верба дека за неколку недели (a couple of weeks) може да се најде решение, а не за две недели (two weeks). Тоа значи дека сметам дека во блиска иднина е можно решение за спорот за името – изјави Хан.

Хан повтори дека по препорака на Европската Комисија за старт на преговори “најважно сега е да се најде решение за спорот за името“ за земјите членки да ја одобрат оваа препорака.

novamakedonija.com.mk

Share.