Хаос во Појасот Газа, најмалку 16 загинати, 1400 повредени (ВИДЕО)

0
311

Околу 30.000 Палестинци долж границата со појасот Газа со Израел вчера учествуваа на демонстрациите против израелската окупација. 15 лица се убиени, а 1.400 повредени.

Тоа е ден со најмногу жртви во Газа од војната на израелската војска и Хамас во летото 2014 година, која траеше 50 дена.

Израелската војска соопшти дека стотици Палестинци фрлале камења и тркалале запалени гуми кон војниците распоредени на другата страна од граничната ограда.

Војската ги обвини екстремистите дека се обиделе да изведат напади под закрила на масовниот протест, тврдејќи дека во еден случај, вооружени Палестинци отвориле оган на војниците, пренесе АП.

Израелската војска, исто така, рече дека нема да толерира штети на границата и дека Хамас ќе го смета одговорен за тоа.

Голем одзив на протестите на исламскиот екстремистички Хамас се смета за потврда на организациските способности на ова движење кое владее во појасот Газа. Тоа е исто така знак на очајот на жителите на појасот поради децениската блокада на Израел и Египет.

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Џахиџа Санвар им се приклучи на протестите, предупредувајќи дека Израел треба да го послуша барањето на десетиците илјади Палестинци кои демонстрираа за правото да се вратат во своите домови во Израел, од кои избегаа за време на војната по создавањето на еврејската држава во 1948 година.

„Маршот на враќањето ќе продолжи. Нема да престане додека не ја отстраниме границата (меѓу Газа и Израел)“, најави Синвар, објавија израелските медиуми.

Египет, Јордан, Турција и Арапската лига го осудија Израел за употребата на прекумерна сила, а палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој владее со другата палестинска територија на Западниот Брег и ја предводи ривалската Фатах, ја прогласи саботата за ден на жалост за загинатите Палестинци.

Денешните демонстрации се поклопуваат со Денот на земјата, кој се обележува во знак на сеќавање на шест израелски Арапи убиени 1976 година во протестите против одземањето на арапската земја.

Ќе продолжи како што е најавено во следните шест недели, до Денот на независноста на Израел или Накба „катастрофа“, како што го нарекуваат Палестинците бидејќи потоа започнала војната.

На тој ден ќе се отвори новата Амбасада на САД во Ерусалим, врз основа на одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп кој го прогласи Ерусалим само израелски, иако Палестинците во неговиот источен дел планираат своја независна држава.

mkd.mk