Харадинај истурка жена од говорница

0
75

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај  на прославата на 140-годишнината од Призренската лига, се судри со постара жена, која се обиде да ја истурка од сцената, но таа му се спротивстави, објави Танјуг.

Харадинај ја прекина жената за време на обраќањето, ја зграпчи цврсто за зглобот на левата рака и се обиде да ја истурка од кабината.

Сепак, таа почна да се спротивставува, да се расправа со него, и со показалецот енергично да му мавта пред лицето.

Харадинај ја фати за рамото, но ни тогаш не успеа да се „справи“, а потоа повика обезбедување, кое жената на сила ја испрати од бината, како што се забележува на видеото.

Koha.net објави дека поради пропуст во организацијата се дошло до оваа непријатна ситуација на одбележувањето на 140-годишнината од Призренската лига.