Харадинај сака во Србија да ја претставува „сопствената држава“

0
206

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кого Србија го сомничи за воени злосторства, тврди дека локалните власти на српската општина Медвеѓа го поканиле да го посети тоа место.

Тој истакна дека е спремен да ги посети и Прешево и Белград, но доколку биде поканет и ако неговата посета има протокол.

Во Белград, како што кажа, би ја претставувал „својата држава на некој меѓународен самит“, бидејќи смета дека „состаноците и меѓусебните средби со премиерите од регионот можат да придонесат на мирот и стабилноста, во овој случај на добрососедските односи меѓу двете земји Косово и Србија“.

Во Медвеѓа треба да се одржи традиционалната манифестација „Средби во родниот крај“, на која треба да учествуваат стотици Албанци од Медвеѓа и други општини од таканаречената Прешевска долина, од Косово, Албанија и Македонија, а покрај Харадинај поканети се и косовскиот претседател Хашим Тачи и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли.

За посетата на Прешево, Харадинај кажа дека тоа не зависи од неговата желба или волјата на Приштина, туку и од Белград.

„Јас не сум како (Марко) Ѓуриќ да се движам како качак (термин кој се користи за албанските разбојници во минатото) – нелегално. Мојата посета ќе има протокол и ќе биде со дозвола на српските и меѓународните власти, а треба да биде реализирана како и сите посети на другите светски државни лидери“, кажа Харадинај.

mkd.mk