Хаундс со нова песна и спот “Тишина”

Со песната „Тишина” Хаундс го најавуваат вториот албум. Во новата песна се појавува и Бранислав Николов од Фолтин (Пијан Славеј) и за прв пат како изведувач се јавува текстописецот Весна Малинова. Музиката и текстот се на Хаундс, аранжманот на Хаундс и Јордан Манов, кој е и продуцент. Режисер на видеоспотот е Јосиф Трајкоски, а во него се појавуваат Сара Спиркоска и Оливера Дилиндарски.

Сподели