Хачинсон: НАТО ќе ја брани Македонија од руска агресија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Алијансата ќе направи сѐ што е можно за да ја заштити Македонија од агресија од страна на Русија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името, вели постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон, пренесе РИА Новости.

„Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме сѐ што е возможно за да и помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност“ – истакна Хачинсон.

Самитот на НАТО ќе се одржи на почетокот од јули во Брисел, а Македонија се надева дека дотогаш ќе биде решено прашањето за името и ќе стане 30-та членка.

Share.