ТЕРА

REKLAMA???

ХАЏИ АНДОНОВСКИ: СЕ КИТАТ СО ТУЃИ ПЕРЈА И ПОВАЖЕН ИМ Е ЦРВЕНИОТ КИЛИМ

„Денес 23.9 2023 година се навршуваат 45 години откако за прв пат ја заорав Големата бразда со цел да остане вечен споменот на Манакиеви“ вака утрово на својот Фејзбук профил се огласи Стефан Хаџи Андоновски, еден од основачите на овој фестивал, тогашните Манкиеви средби.
„Но, денес кога започнува 44-то издание на Интернационалниот фестивал на снимателите некои ,,таканаречени филмаџии” се китат со туѓи перја.
Некои забораваат дека токму денес е и роденденот на еден од браќата Манаки -Милтон. Но, на некои тоа не им е толку важно поважно им е да се сликаат на ,,Црвениот килим”, пишува меѓу другото Хаџи Андоновски.
Сепак вели тој, Битола нека е горда што го има овој фестивал.
Хаџи Андновски е раководител на кино-клубот „Милтон Манаки“, а секоја година го организираат фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“. Ланската година беше 30-то јубилејно издание.