Хаџи-Антоновски и Силјановски наградени од ДЛУБ.

0
454

Во Културниот центар Магаза, беше отворена годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Битола – ДЛУБ и беа доделени две престижни награди.

Изложбата на која учествуваа 15 битолски уметници и 4 гости, за отворена ја прогласи претседателот на ДЛУБ, Драган Најденовски, кој истакна дека му е посебно драго што  се продолжува традицијата за оваа изложба која во минатото имала и други имиња, но секогаш излагале битолските уметници.

Наградата за животно дело оваа година му е доделена на Коста Хаџи-Антоновски, ликовниот уметник и педагог, основач на ликовната колонија “Мал Битолски Монмартр“ кое го организира ликовното студио “Св. Кирил и Методиј“ кој исто така го основа Хаџи-Антоновски.

Наградата му ја врачи еден од пионерите на “Малиот битолски Монмартр“ Никола Главивче.

Наградата “Борислав Траиковски“ му беше доделена на академскиот уметник Симеон Силјановски. Наградата на Силјановски му ја додели претседателот на ДЛУБ, Драган Најденовски, а Силјановски нагласи дека благодарение на Најденовски се вратил во сликарството.

Посебна благодарница од ДЛУБ. и беше доделена на телевизија “Тера“ за континуирано следење на сите манифестации и изложби на ДЛУБ.

Покрај наградените и претседателот на изложбата учествуваа: Александар Поповски, Данчо Ордев, Елена Ѓорѓиевска, Златко Крстевски, Илија Кочовски, Лилјана Петровска, Љубица Мешкова – Солак, Марија Велевска – Анастасовска, Николче Српчански, Иливера Лазаревска – Оља, Панде Петровски, Сандра Котевска и Славица Михаилова.
Како гости на иложбата на ДЛУБ.беа Владимир Стерјовски, Златко Лечковски, Круме Димовски и Слободан Рајчевски.