ТЕРА

REKLAMA???

ХЕПАР ЦЕНТАРОТ БИТОЛА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА ТЕСТИРАЊЕ

По повод Европската недела за тестирање на Хепатитис и Хив и Светскиот ден за борба против Хив Сидата денеска Хепар Центарот од Битола заедно со Центарот за јавно здарвје одржаа предавања пред студентите од Славјанскиот универзитет  за овие заразно преносливи болести, а се вршеше и бесплатно тестирање. 

Лекари од Центарот за јавно здравје од Битола пред студентите одржаа предавање на тема „Сексуалано преносливи болести, со осврт на хив сидата “. 

Студентите имаа можност да слушнат за какви заболувања станува збор, како се пренесуваат и кој е начинот на превенција. 

Од Хепар центарот со повик до граѓаните дека повторно ја имаат таа можност да се тестираат бесплатно и доверливо против овие заболувања. Кампањата ќе се одвива во повеќе градови низ Македонија со поддржка на Министерството за здравство, СЗО и ЕЛПА Европската Комисија.