Хераклеа претесна за концертот на Владо Георгиев

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Популарниот српски поп пејач Владо Георгиев синоќа одржа концерт во Битола.

Концертот се случи во амфитеатарот на Античкиот локалитет Хереклеа. И покрај дождот кој почна да паѓа нешто пред 21 часот, за кога беше закажан почетокот на концертот, љубителите на неговата музика во голем број се упатија кон Хереклеа.

Во првиот дел од коцертот имаше повремени врнежи од дожд, но публикаат остана да го следи со чадори в раце. Во вториот дел од концертот времето веќе не правеше проблем за никој.

Капацитетот на овој амфитеатар е околу 2500 луѓе, а според она што можеше да се види синоќа, очигледно беше дека Хераклеа беше претесна за неговата публика.

Интервјутот со Владо Георгиев и атмосферата од синоќа ќе имате можност да ја проследите во емисијата Ритамот на градот.

Share.