Хирурзи оперирале отворено срце сред голем пожар

Силен пожар не спречил операција на отворено срце на рускиот Далечен исток. Имено, тим хирурзи не ја прекинале започнатата операција на отворено срце и покрај тоа што ненадејно избувнал голем пожар во нивната болница.

Првичната истрага покажала дека огнената стихија се раширила откако настанал дефект на електричната инсталација во центарот за кардиохирургија во градот Благовешченск.

Поради ова 120 вработени и пациенти биле евакуирани, а огнените јазици брзо се прошириле на 1.600 квадратни метри од покривот на зградата.

Прочитајте и: Овогодинешниот Евросонг 2021 во Ротердам ќе има 3500 гости

Тим од осум хирурзи, кои веќе започнале да го оперираат својот пациент, останале во операционата сала на првиот кат со цел да ја завршат постапката, бидејќи постапката не можела да се запре, соопштил градоначалникот.

Операцијата била успешно завршена, а хирурзите и нивниот пациент потоа биле евакуирани од зградата, пренесува Интерфакс.

На гаснење на пожарот интервенирале дури 59 пожарникари.

Храбрите лекари за ваквиот подвиг ќе бидат и наградени, соопштил гувернерот на регионот Амур, Василиј Орлов.

Сподели