Холивуд веќе подготвува филм за спасувањето на тајландските момчиња

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, на местото каде веќе заврши акцијата за спасување на момчињата кои се блокирани во пештерата, јави Би-би-си.

Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата Пјур-Фликс веќе разговарале за можен филмски проект. Прашан дали нивниот потег е невкусен, со оглед на драмата која се уште трае, Смит изјави дека „ќе дојдат и други продукциски куќи, па мора да бидеме брзи”.

Со звуци на автомобилски сирени и музика бројни жители на северниот тајландски град Чианг Раи и околните помали места денес го прославуваат спасувањето на дванаесетте момчиња и нивниот тренер од пештерата во која беа заробени повеќе од две недели.

Share.