Холивуд се менува?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Годината зад нас, пристојно речено беше невообичаена за Холивуд. Полна со скандали, борби за човекови права, отпори и гласници на револуцијата. Но, иако филмаџиите како никогаш досега се здружија во своето политичко и активистичкото делување, Академијата ќе ги слави, како што и е зададено, филмовите и запазените ролји кои во изминатата година ги имаше поприлично.

Вечната тема, што е потребно за освојување на најпрестижната холивудска награда оваа година? Критериумот е едноставен: сакате Оскар-направете филм кој се занимава со актуелни теми и со мигот во кој се наоѓа општеството. Ова ќе биде јубилејна 90 додека на Оскарите.

За лаиците, номинациите се сведуваат на доделување на Оскарите во различни категории. За луѓето пак во филмската индустрија доделувањето е само финиш на една долга и исцрпувачка кампања. Да беше 2017 како и секоја друга, ќе очекувавме класични типски приказни во самото финале, за еднаква шанса да имаат наративите за успех на некој филмски аутсајдер, некаква борба за живот или значењето на уметноста.

Сепак влијанието на Доналд Трамп и Харви Вајнстин како најсилни потреси во низата кои ја здрмаа американската јавност, го носи и ставот што изминатата 2017 воопшто не беше вообичаена за Холивуд. Оттука и впечатокот дека Оскарите годинава како и Златните глобуси ќе земат активна улога за општествените прашања. Филмаџиите очигледно не се сомневаат, дека 2017 донесе бројни потенцијални кандидати кои активно го користат филмскиот наратив за да го менуваат општеството во кое живеат.

Листа на фаворити за освојување на оскар

Get out на Џонатан Пил Мало хорор ремек дело кое ја разбранува јавноста заради третирање на болни и сеуште актуелни проблеми со кои се соочува афроамериканскиот дел од општеството и нивниот раскол со современите либерали во кои неретко се кријат екстремни десничари.

The big sick на Мајкл Шоуалтер кој се појави како нарачан во летото 2017 во кое американската јавност се носеше со случаевите на здравствена заштита, одеднаш повторно далечна и недостижна за многумина.

Следува една група филмови која ја води Three billboards outside Ebbing, Missouri филм на Мартин Мекдонах кој го потегнува прашањето на положбата на женитe во современиот свет.

Call me by your name кој го потпишува Лука Гвадањино. Класична приказна за растењето и созревањето кое ги прати двајцата ликови од кои еден има 17 години и ја открива својата сексуалност.

The Florida Project на Шон Бејкер, фокусиран на класните разлики и неравноправноста како и на економската маргинализација ( очигледно за да привлече публика од гласачкото тело на Берни Сандерс).

Конечно Спилберговиот The Post кој во преден план го става прашањето на новинарството и контрадикторното известување кој само наизглед е сместен во 1971, а од него сјае 2017г.

Критериуми зад кулисите

Во трката важен е и контекстот кој ги следи кандидатите надвор од кината, а тоа е она што под кампања се разбира. Така маркетинг тимовите филмовите ги оставаат и на негативните импликации од кои филмската академија сака да се ослободи, а од кои некои се скоро нереално и понатаму актуелни…пример аферата од пред две години на Белиот Оскар. Во овој контекст поени собираат и следните кандидати: Џордан Пил дури петти афроамериканец препознат за својата работа за режија. Да ги погледнеме и режисерките и нивното често неоправдано изостанување од листата на номинирани. Оваа година имаше неколку кандидатки, Академијата ја избра дури петттата жена номинирана за режија во замислете 90 години долга историја на Оскарите. Изборот оваа година е на Грета Гервик која би станала, шокантно, но вистинито дури втора жена која добила оскар. Да не се запостават и филмовите како Нолановиот Dunkirk, Андерсеновите Phantom thread и Дел Торовиот The shape of water. Факт е дека фаворитите се остварувања кои носат општествен контекст како круцијален елемент. Дури и Darkest hour кој повеќе е филмски наратив во доменот на King’s speach повеќе ги разоткрива имплицитните критики на денешните политичари отколку во некој друг контекст.

Дали академијата ја зафаќа револуција?

Најциничните на крај ќе речат дека сето ова нема да биде на крај, дека за освојување на Оскар е единствено важно колку е некој филм по вкус на Академијата, а не колку е целно моќен, актуелен, ангажиран и свеж. Вистина, Академијата ја сочинуваат гласачи кои би ги ставиле под именител на повозрасни и белци мажи, кои себеси само си ласкаат дека се ангажирани и авангардни, иако често го докажуваа спротивното. Минатата година имавме потполно неочекувана и изненадувачка победа на Moonlight…која можеби најавува дека Холивуд полека, но сепак се менува.

Ќе видиме како гласаше академијата во недела.

Љубица Ангелкова

Share.