Хорор на Манаки

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рамки на овогодишниот 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола ќе се одржи и специјална програма „Полноќни јавачи“ во селекција на Микеле ди Анџелис.

Се работи за полноќни проекции на филмски класици – мајстори на хоророт.

На 23 септември (недела) во 00:20 ќe се прикажува „Нешто“ („The Thing“) на режисерот Џон Карпентер, а ден потоа, на 24 септември, точно на почноќ публиката ќе може да го гледа култниот „Видеодром“ („Videodrome“) на Дејвид Кроненберг.

За 25 септември ќе има проекција на „Мумија“ („The Мummy“) на Карл Френд од 1973 година, додека финалето на полноќната програма е закажано за „Неверојатноот смалувачки човек“ („The incredible shrinking man“), филм на Џек Арнолд од 1981 година.

Инаку, „Браќа Манаки“ годинава се одржува под слоганот „Симнуваме капа. Од 22 до 29 септември ќе бидат прикажани речиси 95 филмови низ 14 фестивалски програми.

Share.