Хотелот„Молика“ прославува 25 годишен јубилеј

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

„ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје и хотел „Молика“ – Подружница „Молика“ денеска го прославија својот 25 годишен јубилеј.

Јубилејот се одбележа со повеќе манифестации. Денеска две Панел дискусии на тема:  ,, Современите видови во туризмот и примената на новите технологии во валоризацијата на Преспанско –Пелагонискиот регион и Националниот парк „Пелистер“ како туристичка дестинација“ и ,,Преспанско – Пелагонискиот регион како туристичка дестинација за четири сезони и нејзина промоција на соодветен начин “.

Заеднички став на дискутантите од Панел дискусијата е дека Пелистер и хотел „Молика“ како дестинација заслужувасат многу поголеми инвестиции, вложување во човечките ресурси и искористување на позитивното искуство на земјите од регионот. Притоа, главен акцент беше ставен на потребата од ангажирање на експерти во областа од странство, но со инсистирање предложените стратегии да бидат прилагодени на потребите и можностите, како и на атракциско-мотивациските фактори на македонскиот туризам, а не како досега да се прави преземање на стратергии од други земји безс притоа истите да се прилагодат на потребите на туристичкото стопанство на земјава..

По Панел дискусијата се одржа свечена академија на која беше преку куса презентација беше претставено 25 годишното работење на хотелот.

На свечената академија свое обраќање имаше Управителот на „ЕЛЕМ ТУРС“ дооел Скопје,  Џемаиљ Јусуфи.

„Имаме морална одговорност нашиот 25 годишен јубилеј скромно, но достојно да го одбележиме за сите наши вработени колеги кои во текот на сите овие изминати 25 години грижливо го чуваа и со својот деноноќен труд дадоа огромен придонес во комплетната афирмација на хотелот Молика. Ние сме убедени дека одбележувањето на овој јубилеј, исто така, ќе биде мотив повеќе и за големиот број деловни партнери, туристички агенции, туроператори, здруженија, асоцијации и други организации, но и за нашите редовни гости и посетители од земјата и од странство кои сите овие години не посетуваа и со нивната доверба ни даваа поддршка да истраеме на патот во освојувањето на туристичките пазари“ – наглси Јусуфи.

Во име на генералниот директор на АД ЕСМ д-р Драган Миновски се обрати Директорката на финансии на АД ЕСМ, Добрила Стефаноска, која честитајќи го овој значаен јубилеј особено важен и заради опстојувањето во еден исклучително тежок тешкиот период во економска и во општествени услови, го изрази своето лично уверување дека лична желба и верба е дека 30 годишниот јубилеј, хотел „Молика“ ќе го прослави со целосно нови и страктивни содржина како и што доликува на ова место.

На свечената академија ЕЛЕМ ТУРС и хотел „Молика“ им додели плакети и благодарници на своите долгогодишни деловни партнери и соработници

Хотелот „Молика“ на Пелистер е капацитет од трета категорија со три ѕвезди, и првпат почна со работа на 24 април 1994 година.

Share.