ТЕРА

REKLAMA???

ХОТЕЛ „МОЛИКА“ ПОДГОТВЕН ЗА СЕЗОНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА

Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот Сега е само еден дел од целото , ЕСМ МООЛИКА ДООЕЛ Битола – Друштво за угостителство, туризам, рекреација и спорт коешто  поседува повеќе објекти, вели Горан Исков, директор на ЕСМ Молика ДООЕЛ Битола.

Стариот хотелски убавец на уште постарата планина од минатата година ја доживува својата преродба, се реализира програма за реновирање и понуда на нови содржини, за да биде според ововековните стандарди, но со старински шмек.

Ние денеска разговаравме со директоро Исков токму заради сезонските празнувања, ќе има повеќе музички групи кои музицираат во различни стилови, но сите со шаренолик репертоар, ќе има екстра свечена вечера со новогодишно оригинално мени „А – ла Македонија“ и бројни подароци за среќен почеток на новата година наменети за сите  – и за најмали и за највозрасни. Аранжманите за сместување лесно се наоѓаат на интернет страната на Хотел Молика.  Новогодишната понуда подразбира и продолжвање на аранжманите со вклучено скијање.

Исков е само три месеци директор, некои би рекле имаше огнено крштевање. Првиот снег си ја покажа силата, кога со брза реакија се исчистија пристапите до хотелот, а потоа снегот реши да ја манифестира својата природа. Координираната акција на директорите на комуналните  јавни претпријатија, НП Пелистер, Македонија пат, СВР Битола, РЕК Битола им овозможи на туристите во „Молика“ да видат дека се со сигурни сериозни луѓе кои се грижат за нивната безбедност. Воведовме пракса на меѓусебно информирање и известување.- вели Исков.

2025 е на 12-тина денови, менаџерскиот тим систематски започна со расчистување на теренот – и притоа не се мисли на расчистување од нов менаџерски тим, туку расчистување на ски стазата од секоја тревка, гранче, најважно камењата кои ги имаше, па скијачката јавност веќе се ги користи рамните терени  , целосно се обновени корпита на жичарата, бојадисани со нови подлоги за седење и се направи нова командна кула зџа механиката на ски -лифтот. Новата година им се покажува  со нови отворени проекти.

Во интернет презентацијата на хотелот стои „ Хотел “Молика” на Пелистер е едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, ….

 

Повеќе на линкот подолу,