Хрватите од Битола го одбележаа Денот на независноста на Хрватска

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Хрватската претстава Куќа за рушење, на аматерскиот театар Пучка сцена при Хрватската библиотека од Херцеговац – Хрватска, која ја воодушеви хрватската јавност последниот период, беше изведена во Битола.

Имено ова гостување е резултат на долгогодишната соработка со хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво Марко Марулиќ од Битола, со Хрватската библиотека од Херцеговац и Центарот за култура Битола, а во рамките на одбележување на Денот на независноста на Р.Хрватска во Битола.

Присутните ги поздрави претседателот на Хрватскиот културен центар Бранко Маретиќ.

На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Херцеговац Боро Башљан, претставници од Хрватската Амбасада во Македонија, градоначалникот на општина Новаци и претставници од повеќе институции од Битола, Прилеп и Скопје.

Oваа комедија e во режија на Наталија Поредски Лацин.

Претставата својата премиера ја имаше на годинешниот фестивал на аматерскиот театар во Херцеговац, а овој аматерски театар по четврти пат гостува во Битола, а претставата после Битола беше изведена во Прилеп.

После ова гостување, Пучка сцена ќе работат на новата претстава која ќе биде изведена на наредното издание на фестивалот на аматерски театар во Херцеговац.

Прославувањето на Денот на независноста продолжи во Премиер центар.

Хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво Марко Марулиќ, веќе се подготвуваат за уште еден значаен ден, а тоа е одбележување на Божиќ, за која манифестација повторно имаат гостување од Хрватска.

Овој значаен датум за хрватската историја, се одбележува во спомен на 8-ми октомври 1991 година, денот кога е создадена самостојна, независна, република Хрватска.

Share.