Хрватската полиција пукала во шверцерско комби со мигранти, ранети две деца

0
204

Две деца се ранети од огнено оружје кога хрватска полиција синоќа пукаше кон комби со кое се криумчареле мигранти.

„Полицијата ги штити границите од незаконска миграција. Изразуам жалење порани ранувањето на децата, мислам дека тоа е многу лошо, и сигурен сум дека истрагата ќе покаже како тоа се случило“, изјави денеска хрватскиот премиер АндрејПленковиќ.

Имигрантите се наоѓале во комбето со странскирегистарски таблички, а во Хрватска илегално влегле од територијата на Босна и Херцеговина.

Откако полицијата добила дојава за криумчарењето луѓе, поставиле блокади со светслосни и звучни сигнали во областа Раштел.Сепак, возачот не застанал, туку продолжил да вози кон полицијата поради што тие испукала повеќе куршуми во негова насока.

slobodnaevropa.mk