Хрватска ја победи Англија и ќе игра финале со Франција

0
167

Со гол на Манџукиќ во второто судиско продолжение Хрватска со 2-1 ја победи Англија и за прв пат во својата историја ќе игра во финале на Светско првенство, таму против Франција ќе се бори за големиот пехар.

Англија ја диктираше играта, а Хрватска не направи ниту една посериозна шанса за гол во првото полувреме. Таква беше играта и на почетокот од вториот дел, но се се промени во 68-та минута.
Шиме Врсаљко центрираше, Перишиќ одлично се снајде, шутираше со нога пред главата на Вокер и Хрватска изедначи на 1-1.
По четири минути во второто продолжение, Перишиќ додаде до Манџукиќ кој овој пат беше подобар од Пикфорд, ја погоди неговата мрежа и Хрватска поведе со 2-1.