Христијан Илиоски го доби признанието за десеттата државна титула во мото-крос

Вчера вечер во организација на Мотоциклистичка федерација на Македонија свечено беа доделени пехарите и признанијата на најдобрите во мото спортот за 2021 година во Ендуро, Мото крос и Брзински натпревари на кружни патеки. Десеткратниот првак на Македонија, Христијан Илиoски уште еднаш доби признание крунисувајќи ја одличната 2021 година.

Како што напомена претседателот на федерацијата, минатата година и покрај несоодветните услови под влијание на пандемијата сепак успеале да ги организаираат сите одвен една од планираните трки. По сите трки во различните категории и класи еве ги резултатите:

Во мото крос натпреварувањата добитници на награди беа по категории и екипно беа:

Класа МX 50/65

1. место: Митко Чавков од Мк Дјабил – Струмица

2. место: Михаил Мрчковиќ од Мк Вардар – Скопје

3 то место: Стефан Ѓеорѓиевски од Мк Мотори – Скопје

Класа МХ 85

1. место: Антонио Дамјановски од Ендуро Тим Водно – Скопје

2. место: Огнен Тодоров од Мк Мотори -Скопје

3. место: Алексеј Стојковски од Мк Мотори – Скопје

Класа МХ

1. место: Зоран Каранфиловски од Мк Мотори – Скопје

2. место: Слободан Ивчевски од Мк Сакамото – Скопје

3. Место: Јове Иванов од Мк Ендуро Тим Велес – Велес

Класа МХ 2

1. место: Драган Ванов од Мк Велес – Велес

2. место: Даниел Јаневски од Мк Гого – Скопје

3. место: Денис Гареја од Мк Стром Ридерс – Куманово

Класа МХ 1

1. место; Христијан Илиоски од Мк Пелистер- Битола

2. место: Гоце Томовски од Мк Гого – Скопје

3. место: Васко Киров од Мк Ноќни Волци – Скопје

Прогласување по клубови во Мото крос

1. место: Ендуро Тим Водно – Скопје

2. место: Мк Мотори – Скопје

3. место: Мк Гого – Скопје

За освоени 3 пати по ред шампионска титула во MX класата и тоа во 2019, 2020 и 2021 година својата прва златна кацига ја доби натпреварувачот Зоран Каранфиловски. А покрај Каранфиловски златна кацига доби и Антонио Дамјановски кој во класата MX 85 3 пати по ред ја освои шампионската титула.

Во Ендуро натпреварувањата беа доделeни награди во 3 клчаси и беа прогласени најдобрите тимови:

Класа Е1

1. место: Андреја Краљевски од Мк Стом Рајдерс- Куманово

2. место: Драган Ванов од Мк Велес – Велес

3. место: Денис Гареја од Мк Стом Рајдерс – Куманово

Класа Е2

1. место: Андреј Милковски од Ендуро Тим Водно – Скопје

2. место: Марко Златановски од Ендуро Тим водно – Скопје

3. место: Давид Ристов од Мк Велес – Велес

Класа Е3

1. место ; Ангелче Стојковски Ендуро Тим Водно – Скопје

2. место: Јове Иванов од Мк Ендуро Тим Велес – Велес

3. место: Дејан Марковски Мк Драпаци – Скопје

Прогласување на клубови во Ендуро:

1. место: Ендуро Тим Водно – Скопје

2. место: Мото Велес – Велес

3. место: Стром Рајдерс – Куманово

Сподели