Хуманитарен настан за Лидија Ристевска

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 14 ти октомври 2019 со почеток во 18:00 пред Центарот за култура во Битола, а потоа со програма во Театарската сала ќе се одржи Меѓународната хуманитарна манифестација, насловена „Со босоногата по патот на светлината – 2019“. Под мотото поети, писатели и уметници во хуманитарна мисија посветена на лицата со аутизам и мултиплекс склероза.

Програмата започнува во 18:00 пред Центар за култура, а потоа во 18:30 на големата сцена во Народниот театар со поетско музичка вечер.

Секој со своето присуство како гостин или учесник во програмата, станува дел од Хуманитарната манифестација и дава еднаков придонес за спроведување на акцијата за собирање парични средтсва за лечење во странство на Лидија Ристевска од Битола.

Собраните сретства одат за трансплатација со матични клетки на Лидија Ристевска, а таа на својот Фејзбук профил напиша:

„Јас на сите ќе ви се заблагодарам со моето оздравување, останатото благословување за сите вас Бог да Ви го даде.
Му благодарам на сите што ќе учествуваат директно или индиректно, на оние што своите дела ќе ги продаваат за да ми помогнат, ова е проследено од Севишниот и ќе бидете наградени. Донаторските кутии ќе го обезбедат моето одење што поскоро.Ви благодарам добри луѓе, да сте здрави и живи“.

Бидете хумани, добредојдени сте.

Share.