Хуманитарно примирје во Источна Гута

0
191

На иницијатива на Русија денеска почна првото петчасовно хуманитарно примирје во Источна Гута. Прекинот на огнот е од девет до 14 часот по локално време.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера изјави дека по наредба на претседателот Владимир Путин од денеска во енкллавата Источна Гута се воведува секојдневен петчасовен хуманитарен прекин на огнот. Прекинот на огнот е со цел да се избегнат цивилни жртви. За извлекување на цивилите од Источна Гута предвидено е да биде отворен хуманитарен коридор.

Белата куќа синоќа повика на „итен прекин“ на офанзивните операции во Сирија, предупредувајќи ги сириските владини сили дека „терорирзираат стотици илјади цивили со воздушните, артилериски, ракетни напади како и копнен напад кој е на повидок“.

Повеќе од 500 луѓе загинаа во нападите во реонот на Источна Гута, а активистите во неделата соопштија дека се сомневаат дека бил извршен и напад со отровен гас.