Хуманите ракометари донираа спортска опрема во Заводот за рехабилитацција за деца со оштетен слух

0
823

Денес во просториите на Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – Кочо Рацин го посетија челниците и ракометарите на Пелистер.

Извршниот директор на клубот, Сашо Шамбевски, техничкиот директор и секретар, Борче Корлевски и Ана Трифуновска како и тренерот на РК Пелистер, Томе Петрески и капитенот Васко Димитровски, покрај дружењето со дечињата на заводот му доделија донација во спортска опрема и реквизити за потребите на часовите по физичко и здравствено образование .