Хјундаи акцент се прeврти кај Прилеп

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Двe лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 13 часот на патот Прилеп-Битола во близина на Прилеп.

Од засега непознати причини патничкото возило марка „Хјундаи акцент“ со прилепски регистерски таблички со тројца патници се превртило на патниот правец Прилеп – Битола на излезот од Прилеп. Двајца од тројцата патници се здобиле со полесни телесни повреди, а возач не е повреден. Повредените се префрлени на лекување во прилепската градска болница,рече портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.

Увид на местото на несреќата направи прилепската полиција.

Share.