Царовска: Фокусот во училница е наставникот, не таблетот, не учебникот

Учебници ќе има. И вели од прво до трето одделение апсолутно одиме со печатени учебници, дополнително сите лектири и друга дополнителна литература останува печатена, зашто ученикот треба да има однос кон книгата и тоа е значајно, и тоа треба да се гради, за разлика од досега кога иако имаа печатени учебници, немаат изграден однос кон книга и читање, посебно читање со разбирање, вели министерската за образование и наука Мила Царовска во интервју за емисијата Директно на Тера.

„Од четврто нагоре ќе има можност да се испечатат учебниците, но ќе има и дигитални учебници. Дигиталните учебници многу често се врзуваат со дигитална настава, но тоа не е така и не е поврзано. Учебникот е само едно средство за дополнително информирање или пренесување на знаење на ученикот. Во досегашните печатени учебници вие имате напишана страна и од неа вие треба да прочитате и да го разберете експериментот по физика или по хемија или по биологија. Сега освен што имате напишано текст, имате и можност за мултимедијална соджрина, која што секако нашите деца секојдневно ја следат како содржина, затоа што се постојано или на компјутер или на таблет или на телефон, или на телевизија, и секако си играта и надвор и треба што повеќе да се надвор и да имаат и спортски активности и дружење, но притоа животот и ги насочува кон тоа дека треба да имаат и знаење од дигиталните алатки и тие дневно ги користат. Сега велиме учебникот ќе има и таков тип на содржина. За да можите да имате мултимедијална содржина на учебникот, тој мора да е поставен на таблет. Тоа укажува на тоа дека учебниците остануваат, но да не заборавиме главниот ресурс за информирање и стекнување на знаење е наставникот. Фокусот во училницата е наставникот, не таблетот, не учебникот. Ако наставникот ги води низ знаењата, тие многу побрзо, поедноставно ќе ги разберат информациите кои што  треба да ги имаат кај себе, но исто така и тој треба да ги насочува, каде понатаму да истражуваат па да се вратат во училница и таму да ги дискурираат информациите што ги добиле од дигитален учебник, од библиотеката која што е во училиштето, домашна литература тие кои што имаат да ја консултираат, да разговарат со родителите и понатаму да имаме едно знаење што е усвоено и не е потребно само да го репродуцираме, туку треба да го употребуваме тоа знаење, кон тоа се стремиме“ вели Царовска.

Емисијата е вечерва од 20:00 на Тера Телевизија.

Сподели