Целосно ќе се асфалтира патот до Мариово

0
4455

Започнаа градежните активности околу асфалтирање на регионалниот патен правец Рапеш – Старавина во должина од 9 километри.

„ ЈП Макдеонија пат започна со градежни работи и асфалтирање на регионалниот пат до Мариово, поточно од потегот кај село Рапеш кај мостот на Река Црна кон село Старавина. Вкупната должина на патот е 9 километри. Градежните активности веќе се започнати , така што за скоро ќе се почне со асфалтирање. Со завршување на оваа делница од Битола до Градешница, во должина од 53 километри ќе биде целосно асфалтиран патот до Мариово., вели градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Паралелно со овој пат интензивно се работи и на реконструкција на регионалниот патен правец Р 1311 Битола- Новаци – Рек во должина од 12 километри.

Во наредниот период визијата на градоначалникот Кузмановски била, како што рече развој на туризмот во Мариово. Како општина имале аплицирано со неколку проекти до Министерството за економија за подобрување на условите за развој на туризмот во овај крај .