ТЕРА

REKLAMA???

ЦЕЛО ЛЕТО СЕ КОЧИ РЕБАЛАНСОТ, ЌЕ СЕ НАДМИНАТ ЛИ ДЕНЕСКА СУЕТИТЕ?

И покрај апелот на градоначалкникот на Битола Тони Коњановски на денешната седница да се расправа по неговиот нов предложен ребаланс, пред советниците се најде ребалансот кој беше вратен од Министерството за финансии затоа што ја надминуваше финансиската рамка. Веќе два месеци граѓаните се сведоци на политички препукувања за тоа како ќе се трошат нивните пари, а последните две недели работни тела го кројат буџетот. Пред почетокот на денешната седница расправаше Комисијата за финансии. Пред пленарната седница прашањето беше дали тој ја надминува рамката или не.

И Бојковски кажа дека вклопени се систе амандмани но дека има проблем со рамката.

Советникот од Подем Лозановски рече дека голем дел од поредложените амандамни на опозцијата биле за големи проекти, за кои треба и време и процедура.

Од Левица рекоа дека власта и опзоцијата ги испеглале работите, и дека некои нивни амандмани не биле прифатени, но дека тие како партија во советот на Битола покажале пркос. Прашавме каде е проблемот со денешната точка за ребалансот.

Седницата започна со усвојување на дневниот ред, а потоа беше дадена пауза до 14 часот, време на кое ќе работат комисиите.