Цената на автобускиот превоз да не биде повисока од 10 денари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Извршниот одбор на Здружението на пензионери под претседателство на Томе Димитровски одржа седница на која беше донесе одлука да се склучи договор со битолските автопревозници за користење на градскиот сообраќај и за извршување на екскурзии низ Македонија.Заземен е став цената за градскиот автобуски сообракај да не биде повисока од 10 денари, а за екскурзиите низ државата повеќе од 50 денари.

Донесена е одлука лабораториските услуги во иднина за потребите на пензионерите да ги извршува Клиничката болница и тоа за секој пензионер еднаш месечно.

Извршниот одбор донесе одлука на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас  „Кочо Рацион“ од Битола, финансиски да го помогне по повод одржувањето на Меѓународната конференција, што по повод 70 годишнината од постоењето на Заводот ќе се одржи од 16 до 18 мај во Битола.

Исто така, поддржано е и учеството на ансамблот „Сирма војвода“ за учество на регионалната ревија во Прилеп што ке се одржи на 18 април со учество на пеачки групи од градот домаќин како и од Демир Хисар, Кичево и Битола.

По повод 7-ми април Денот на здравството, на интервентното одделение од Клиничката болница ке им бидат доделени постелнини. Ваква активност Здружението на пензионери имаше и на коронарното одделение при Клиничката болница во Битола.

Share.